ОЈО

Одземени и се децата на мајката од Гостивар обвинета за запуштање и малтретирање

17.07.2023 11:42

Одземени и се децата на мајката од Гостивар, против којашто Oбвинителството поднесе обвинителен акт за запуштање и малтретирање. Децата се сместени во згрижувачко семејство...

Одземени и се децата на мајката од Гостивар, против којашто Oбвинителството поднесе обвинителен акт за запуштање и малтретирање. Децата се сместени во згрижувачко семејство.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вели дека меѓуопштинските центри за социјални работи во Скопје и во Гостивар ги презеле сите мерки.

Претходно, Oбвинителството соопшти дека 34 годишната жена од Гостивар, која престојувала во Скопје, во април ги малтретирала нејзините деца на возраст од 4 и 6 години, им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента, а во мај им нанела и телесни повреди. Таа во моментов е во притвор.