Во Битолската болница, вчера починало бебе по изведен царски рез
Вчера во Битолската болница починало бебе, по изведен царски рез. Ова била четврта бременост на младата мајка на возраст од 21 година. И третото бебе на родилката починало на сличен начин, вели директорката на болницата Ивановска...

Дваесет и едно годишна трудница, вчера на гинеколошкото одделение при Битолската клиничка болница, родила мртво бебе. Родилката до седмиот месец, како азилантка, била во Германија и немала контролирана бременост. По враќањето, за прв пат отишла на приватен гинеколог и уште еднаш во 36-тата недела од бременоста, велат од битолската здравствена установа
„Токму поради таквата дијагноза породувањето е извршено со царски рез“, вели Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница.
На родилката која ова и е четврта бременост истото и се случило и пред три години кога и во третата бременост родила мртво бебе. Ивановска вели дека е свесна за паниката во јавноста по се она што во последниот период се случуваше во клиничката болница. Од родителите на мртвороденото бебе нема никакви забелешки за лекарскиот тим а од управата на болницата велат дека нема да има никакви истраги за евентуална лекарска грешка.
Стевче Митревски
