Били Ајдол со концерт во Србија, дел од парите ќе ги донира

19.05.2014 16:35

Концерт во Белград на 25-ти јуни ...

Британскиот пејач Били Ајдол докажа дека е многу хуман и голем човек и најави дека дел од приходот од белградскиот концерт кој ќе се одржи на 25 јуни на Калемегдан  ќе ги уплати на луѓето загрозени од катастрофалните поплави во Србија.

„Наскоро ќе имам концерт во Србија и се надевам дека со оваа донација барем малку ќе им помогнам на луѓето кои се погодени од поплавите“, напиша славниот пејач на својот Твитер профил.