Свет
Рекордно високи температури во Европа и во САД
17.07.2023 14:08
Црвен метеоаларм во Европа и во САД. Со летни гориштини се справува и дел од азискиот континент...

Светот се соочува со рекордно високи температури. Црвен метеоаларм во Европа и во САД. Со летни гориштини се справува и дел од азискиот континент.
„Никогаш порано не сме го почувствувале ова. Навистина е многу жешко“.
„Важно е да се пие многу вода и да сте под сенка со убав поглед“.
Во северозападна Кина измерена рекордна температура од 52 целзиусови степени. Во поплавите пак, во Јужна Кореја речиси 40 жртви и десетмина исчезнати.
