Италија

Пожар на аеродромот на Сицилија

17.07.2023 14:13

Сите летови од и до Катанија, во јужна Италија, се одложени до среда по пожарот што го зафати аеродромот „Винченцо Белини“...

Сите летови од и до Катанија, во јужна Италија, се одложени до среда по пожарот што го зафати аеродромот „Винченцо Белини“.

„Чекаме информации, има многу луѓе овде на сред пат“, вели патник.

Според извештаите, пожарот брзо бил изгаснат од локалната противпожарна служба, но го оставил целиот аеродром покриен со чад. Нема повредени.