Преку заедничка работа до превенцијата и заштитата на жртвите од родово базирано насилство
Четириесет и пет проценти од жените доживеале некаков вид насилство, најчесто физичко. Наша обврска е да создадеме услови во кои жртвите се заштитени, а сторителите повикани на одговорносот, велат надлежните. Превенцијата мора да стане основен дел од колективната свест, беше речено на Конвенцијата за родова еднаквост „Има помош за живот без насилство“…

Четириесет и пет проценти од жените доживеале некаков вид насилство, најчесто физичко. За да се намалат бројките, потребно е повеќе да се работи на превенцијата и на заштитата на жртвите. Институциите ја зајакнаа соработката со граѓанските и меѓународни организации за да се изгради подобар систем, велат надлежните.
Земјава има поддршка од Обединетото Кралство во борбата против насилството врз жените и девојките, целта е да се спротивстави на секое уназадување на слободите и правата.
Смит рече дека Владата има поддршка да ги вгради и спроведе интегрираните политики за родово базирано насилство во согласност со Истанбулската конвенција.
Александра Спировска
