Луј ван Гал во Манчесетр Јунајтед!
По неуспешната авантуара со Дејвид Мојс, разочарувачкото седмо место во Премиер лигата и отсуството од Европа во следната сезона, Манчестер Јунајтед потиша тригодишен договор со Луј ван Гал.

62-годишниот Холанѓанецот на Олд Трафорд ќе дојде откако ќе ја одработи селекторската обврска на Светското првенство предводејќи ги „лалињата“.
„Отсекогаш сум сакал да работам во Премиер лигата и горд сум што ќе бидам менаџер на најголемиот клуб во светот. Имав можност со претходните клубови да гостувам на Олд Трафорд и знам каква е атмосферата и колкава е страста на навивачите коишто знаат фудбал. Манчестер има големи амбиции, а и имам и јас. Се надевам дека зедно ќе испишеме историја“, изјави Луј ван Гал кој со Ајакс, Барселона и со Баерн Минхен ја освојуваше Лигата на шампионите, Купот на УЕФА, Интерконтиненталниот куп, двапати европскиот Супер куп, како и седум првенствени и три национални куп трофеи во Холандија, Шпанија и во Германија.
Прв асистент на Холанѓанецот ќе му биде легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс кој изрази задоволство што ќе работи со големо тренерско име и што и натаму ќе биде во саканиот клуб и тоа со важна улога.
