Сопругата на претседателот се обрати на настанот „Има помош за живот без насилство“
Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Има помош за живот без насилство“ што се одржа по повод одбележувањето на Светскиот ден на населението...

Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Има помош за живот без насилство“ што се одржа по повод одбележувањето на Светскиот ден на населението.
На настанот се обратија и Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика, Џулија Смит, заменичка амбасадорка на Обединетото Кралство во Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија.
Настанот е во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Северна Македонија во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Британската амбасада, Скопје и истиот се одржа со цел да се споделат резултатите од заедничките активности во областа на заштитата и превенцијата од родово базираното и семејното насилство постигнати во рамки на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“.
