Дипломатска офанзива за уставните измени
Дипломатска офанзива за уставните измени. По посетата на шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и на Словачка, денеска нова европска тројка во Скопје. Таканаречената „Вајмарска тројка“, составена од министерката за Европа на Германија Лирман, француската државна секретарка Бун и полскиот министер Шинковски Вел Сенк, допатува во земјава на средби со власта и опозицијата. Повика да се направи следниот чекор на евроинтегративниот пат и да се исполнат обврските од преговарачката рамка. Оттаму испратија уверување – по уставните измени, ќе нема нови барања од Бугарија или од некоја друга земја.

По само 4 дена, нова европска тројка со иста порака во Скопје. Министерката за Европа и клима на Германија Лирман, министерот за Европска унија на Полска Шинковски и државната секретарка за Европа на Франција, на државниот врв и партиите им пренесоа дека време е да се направи следниот чекор, уставните измени се услов да се продолжи на евроинтегративниот пат.
Велат сега работите се во ваши раце, подобра преговарачка рамка нема да добиеме, а Бугарија нема да поставува нови услови по уставните измени.
Истата порака, уставни промени се потребни сега, за да се зграпчи шансата за членство до 2030-та испорачана и на средбата со ВМРО-ДПМНЕ.
И главниот преговарач со ЕУ и вицепремиер за европски прашања Маричиќ, со оценка дека ако не ги направиме уставните измени, земјата ќе биде во изолација и ќе заостанува на европскиот пат.
Вајмарската тројка од Скопје порача, дека сакаат да ја види Македонија во ЕУ и дека поради актуелната ситуација со војната на европско тло, сега земјите-членки се наклонети кон ново брзо проширување на Унијата.
Ирина Гелевска
