Тирана

Лидерите од Западен Балкан на средба со комесарот Вархеји во Тирана

17.07.2023 18:59

Лидерите од Западен Балкан и еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји на неформален состанок во Тирана. Главна тема на разговорите – состојбите во регионов, реформските процеси, Самитот на берлинскиот процес што треба да се одржи на 16-ти октомври.

Планот на Европската унија за забрзана интеграција на земјите од западен Балкан на маса во Тирана, на неформална средба на премиерите од регионов со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји. Детално се разговарале за состојбите во соседството, реформските процеси, за самитот на берлинскиот процес што треба да се одржи на 16 октомври. Премиерот Ковачевски оцени дека станува збор за амбициозен план и агенда на која ќе работат сите заедно.

Ковачевски рече дека следниов период ќе се работи на ратификацијата и ставање во функција на договорите кои се потпишани на состанокот во Берлин минатата година – меѓусебното признавање на дипломите, како и на другите договори кои беа потпишани во рамки на берлинскиот процес. На состанокот иако поканет, не учествуваше косовскиот премиер Курти.

 

Ана Јосифовска Тодоровска