Пожар на аеродромот во Сицилија

17.07.2023 20:48

Сите летови од и до Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот што го зафати аеродромот „Винченцо Белини“...

Сите летови од и до Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот што го зафати аеродромот „Винченцо Белини“. Според извештаите, пожарот брзо бил изгаснат од локалната противпожарна служба, но го оставил целиот аеродром покриен со чад. Нема повредени.

Во Италија речиси илјада летови се откажани поради штрајкот на воздушниот сообраќај. Вработените бараат нов колективен договор.

Здружението за заштита на потрошувачите смета дека штетите поради откажување и доцнење на летовите се бројат во милиони.