Калин со нов скок на АТП ранг-листата, Лина за 25 позиции
Ивановски напредуваше за дури 39 позиции и моментно е на 331 позиција што е негов најдобар ранкинг во кариерата...
Најдобриот тенисер од Македонија, Калин Ивановски запиша нов голем скок на најновата АТП ранг-листа.
Ивановски напредуваше за дури 39 позиции и моментно е на 331 позиција што е негов најдобар ранкинг во кариерата.
Моментно 19-годишниот македонски тенисер има 155 поени. Неговиот последен настап беше на турнирот во Јаши, Романија, каде успеа да стигне до четвртфиналето.
По пласманот во полуфиналето на Фјучерс турнирот во Рим, Италија, во женска конкуренција македонската тенисерка Лина Ѓорческа скокна за 25 позиции на ВТА листата.
Во поединечна конкуренција со пласманот во полуфиналето на фјучерс турнирот во Рим освои 29 поени и со 323 поени се наоѓа на 224 место.