Фудбал

Вардар на првиот подготвителен натпревар со Србија

17.07.2023 23:47

Скопските „црвено-црни“ водеа од 38 минута со голот на Николовски, а израмни противникот преку Поповиќ во 80 минута...

На Златибор екипата на Вардар го имаше првиот подготвителен натпревар во кој ремизираше 1:1 против Металац од Србија.

Скопските „црвено-црни“ водеа од 38 минута со голот на Николовски, а израмни противникот преку Поповиќ во 80 минута.

На 20 јули играчите на Бобан Грнчаров ќе го имаат вториот контролен меч против ФК Бокељ Котор. Ова беше првиот од серијата подготвителни натпревари кои момците на тренерот Бобан Грнчаров ќе ги одиграат на Златибор.