Прифатени 3.460 коментари за екстерното тестирање
Министерот Ристовски тврди дека малиот број забелешки покажува оти се внимава и на најмалиот детал...

Учениците најмногу забелешки имале воразбирањето или во преводот на прашањата за екстерното тестирање. Министерството за образование прифати 3.460 коментари. Кај прашањата со нејаснотии ќе има корекција. Министерот Ристовски тврди дека малиот број забелешки покажува оти се внимава и на најмалиот детал.
„Ако земеме предвид дека од приближно половина милион прашања имае околу 3.400 коментери, може да се каже дека тоа е многу мал процент, но ние како и минатиот пат сите овие коментари ќе ги земеме во предвид и ќе пристапиме онака како што укажуваат граѓаните“, изјави министерот за образование, Спиро Ристовски.
Ресорното министерство денеска објави и конкурс за упис на државните универзитети преку проектот за возрасни. Новина е што за 5 години се намалува старосната граница за студирање. Отсега на прв циклус студии ќе се запишуваат жени до 30 и мажи до 35 години. На универзитетите низ земјава има 715 слободни места. Досега оваа можност ја искористиле 1.200 граѓани.
Викторија Тодоровска
