Грција
Не стивнуваат шумските пожари кај Атина
18.07.2023 10:25
Илјадници ги напуштија одморалиштата и викендичките, а многу автопати се уништени и затворени, откако силните ветрови ги донесоа пламените јазици од ридовите и боровите шуми, исушени од екстремните горештини...

Не стивнуваат шумските пожари кај Атина. Илјадници ги напуштија одморалиштата и викендичките, а многу автопати се уништени и затворени, откако силните ветрови ги донесоа пламените јазици од ридовите и боровите шуми, исушени од екстремните горештини.
Евакуирани се најмалку шест приморски заедници, бидејќи два големи шумски пожари се приближија до летните туристички градови. Евакуирани се монаси од манастир.
