Партии

СДСМ: Интеграција во ЕУ наместо изолација

18.07.2023 11:16

По години минати во чекалната, државата сега има историска шанса да го забрза процесот на евроинтеграцијата и да ја обезбеди својата европска иднина...

Од СДСМ повикуваат на интеграција во ЕУ наместо изолација, сите пратеници да покажат одговорност. По години минати во чекалната, државата сега има историска шанса да го забрза процесот на евроинтеграцијата и да ја обезбеди својата европска иднина. Одговорност на сите политички партии, на сите пратеници е да ја остварат децениската стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, велат социјалдемократите.

Велат, низ дијалог и аргументирана дебата потребно е усвојување на уставните измени со државата ќе продолжи забрзано по европскиот пат и ќе го интензивира преговарачкиот процес. Христијан Мицкоски може да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата, СДСМ, тоа нема да го дозволи, велат социјалдемократите.