Партии
ВМРО-ДПМНЕ: Уставни промени под политички диктат од соседството не се прифатливи
18.07.2023 11:20
„Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет“-велат од партијата...

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ имаше средба со европските претставници. Оттаму останаа на ставот дека уставни промени под политички диктат од соседството не се прифатливи. „Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет“-велат од партијата, од каде што посочуваат дека опозицијата воопшто не била вклучена во преговорите кои резултирале со ултиматуми и барања што отстапуваат од европските вредности и принципи.
ВМРО-ДПМНЕ бара пристапниот процес да се базира на копенхагеншките критериуми.
