Образование

Шаќири задоволен што се откочи работата на Собраниската комисија за образование

18.07.2023 11:53

По две години пауза поради политички превирања, деновиве продолжи со работа Собраниската комисија за образование, наука и спорт...

По две години пауза поради политички превирања, деновиве продолжи со работа Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Драго ми е што членовите на ова важно тело од кое зависи носењето на законски решенија, мерки и проекти од интерес на граѓаните и државата, ги надминаа недоразбирањата и со заедничка, добра волја ги интензивираат активностите за исполнување на агендата која ќе значи поквалитетно образование и повеќе права и можности за учениците, студентите, наставниците, стручните соработници, професорите, научно – истражувачките кадри и други категории.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој присуствуваше на првата седница на Собраниската комисија за образование после подолгиот застој.

„Следи дискусија за изменување на повеќе постојни законски решенија – за основно образование, за отворени граѓански универзитети, просветна инспекција, Спортска академија и Национална агенција за европски образовни програми и мобилност“, потенцираше Шаќири.