Бездомниците се обидуваат да се справат со жештината во Рим
Бездомниците се обидуваат да се справат со жештината покрај пожари, жешкото време предизвикува и други проблеми, особено меѓу бездомниците...

Бездомниците се обидуваат да се справат со жештината покрај пожари, жешкото време предизвикува и други проблеми, особено меѓу бездомниците.
„Добиваме многу повици периодов поради големите горештини. Околу 20-25% повеќе од вообичаеното, а тоа е поради тоа што има многу луѓе, главно постари или сами.“, изјави Масимо ла Пјетра - Национална единица за одговор на Црвениот крст на Италија
„Покрај вообичаените предизвици со кои се соочуваме, кога излегуваме да ги извршуваме нашите обврски во ваков период, се соочуваме и со проблемите поврзани со климата. Сигурно дека жештината е на некој начин помал проблем од студот, сепак, топлината носи низа други проблеми.“, изјави Андреа Пирас - волонтер на црвениот крст.
„Ништо не можете да направите. На пример, во најжешките часови одам во автобус или во метро со вклучена клима, а подоцна попладне, одам во парк да барам сенка“,додаде бездомник.
Италијанските здравствени власти ги интензивираа предупредувањата за топло време. Рим се подготвува за температури од 42 целзиусови степени.
