Регион
Предупредување за пожари поради жештините во Црна Гора
18.07.2023 12:45
Властите во Црна Гора го кренаа нивото на тревога за шумски пожари, откако температурите достигнаа 40 степени целзиусови во Подгорица...

Црногорските власти предупредуваат на пожари поради жештините. Властите во Црна Гора го кренаа нивото на тревога за шумски пожари откако температурите достигнаа 40 степени целзиусови во Подгорица.
Издадено е предупредување до жителите на неколку градови да избегнуваат активности на отворено во следните неколку дена. Топол воздух од северна Африка допира до земјите на балканскиот полуостров, предизвикувајќи топлотни бранови ширум регионот.
Во исто време, многу делови од земјината топка бележат обилни дождови и се погодени од поплави. Високите температури се предизвикани од долготрајните климатски промени.
