Битола

Во рудникот Суводол деновиве температурата достигна и до плус 50 степени

18.07.2023 13:27

Во рудникот Суводол на РЕК Битола има денови кога температурата достигнува и до плус 50 степени. Ако во БЕТЕО системите има некакво разладување, работниците кои работат на санирање на транспортните ленти, на топлотниот бран се изложени во смена од 8-12 часови...

По традиција топлотните бранови носат температурни шокови во рудникот Суводол во РЕК Битола. Иако денес во пелагониско е малку посвежо во однос на претходниве денови, напладне термометарот близу 45 степен. Не е потребен подолг престој да се почувствува топлотниот шок.

Најпогодени се работниците кои работат на санирање на транспортните ленти. Во текот на една смена, од 8-12 часа изложени се на пеколната жештина.

Во вакви услови тешко е да се организираат работните задачи и при тоа да се испочитуваат препораките во целост.

Како и во изминатите години вредните рудари, по се изгледа ќе се справат со летниот предизвик, за потоа полека да се подготвуваат за зимските сибирски температури и големата кал.

Стевче Митревски