Клуб на пратенички

Дискусија за нова стратегија за демографски политики, земјава се соочува со емиграција и стареење на населението

18.07.2023 14:26

Се подготвува нова стратегија за демографски политики во земјава. Нашата држава се соочува со неколку предизвици, a тоа се емиграција, стареење на населението и ниска стапка на наталитет, покажал последниот попис. Експерти велат потребни се долгорочни решенијата и посветеност од сите чинители...

Емиграција, стареење на населението, ниска стапка на наталитет се проблемите со кои се соочува Македонија. Меѓу двата пописа во земјава, вкупното население е намалено за 9,1 процент. Во 1991-ва година имало 36 илјади живородени деца во земјава, а за време на пандемијата бројот е преполовен. Според професорот Драган Тевдовски, на тоа намалување влијаеле природниот прираст, но многу повеќе надворешните миграции.

Од опозицијата со став дека се направени многу погубни чекори изминативе седум години, без мерки за демографија.

Според Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, демографските трендови се неминовни, немаат идеолошки предзнак, а решенијата кои треба да се преземат се долгорочни и бараат посветеност од сите чинители.

Се подготвува трет по ред документ за демографски политики.

 

Ана Јосифоска Тодоровска