Партии

Седницата почна со доцнење поголемо од два и пол часа

18.07.2023 14:38

Мнозинството не може да се собере, опозицијата ги чека владејачките партии први да седнат во салата. Откако „Огнените“ од ДУИ најавија отцепување од партијата и формирање движење...

Маратонски обид со часови да почнат закажаните пленарни седници во Собранието.

Мнозинството не може да се собере, опозицијата ги чека владејачките партии први да седнат во салата. Откако огнените од ДУИ, најавија отцепување од партијата и формирање движење, ВМРО-ДПМНЕ ликува дека мнозинството се распаѓа до степен да не може да се состане за нормален почеток на седница.

Во мнозинството не се менува ништо – реплицира пратеникот и потпретседател на ДУИ, Арбр Адеми. Тврди дека неговите довчерашни сопартијци пратеници нема ништо да сменат бидејќи станува збор само за двајца, се гледа дека парламентарното мнозинство има проблем.

За огнените и нивното отцепување од ДУИ, Зендели вели добро е за плурализмот, а Беса ќе соработува со сите и со нив.

По низа смс-пораки до пратениците, седницата почна со доцнење поголемо од два и пол часа.

 

Миле Ристески