Измени во Законот за медиуми
Со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски слуги ќе се подобри медиумскиот простор, ќе се создаде правна рамка за приватните медиуми и за поголема заштита на слободата на изразување-уверуваат од Министерството за информатичко општество. Негодувања има околу финансирањето...

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе се ставени на собраниска седница. Започнува втората фаза на расправата со кои ќе биде надограден законот. Нема сите да бидат задоволни колку што сакаат, но битно е сите да бидат задоволни и да не се чувствуваат надвор од тој закон, посочува ресорниот министер Азир Алиу.
Дигитализацијата, јавната администрација и медиумите се многу важни за подобрување на демократскиот амбиент во земјата, затоа се инсистира законот да го подобри медиумскиот простор, не да го влоши. Измените на законот во првата фаза, се поврзани со пристапот до фондовите од креативна Европа, а, со вториот дел ќе се создаде правна рамка за приватните медиуми.
Во однос на парите, јавниот сервис ќе добива од државниот колач максимум 1 процент од буџетот од реализираните вкупни приходи во годината, која претходи на фискалната година за која се утврдува износот.
Со канцеларијата на ЕУ во Македонија, со домашни и меѓународни експерти се работи втората фаза, со која од Министерството велат, дека сите ќе бидат задоволни од транспарентноста на јавните институции на политичарите и на менаџерите во јавните институции. Сепак негодувања кај дел од јавноста во однос на финансирањето каде 75% од средствата на годишно ниво се наменуваат за државни кампањи кои ќе се емитуваат само на телевизии на државно ниво, преку оператор на дигитален терестријален мултиплекс, 25% од средствата на годишно ниво се наменуваат за државни кампања кои ќе се емитуваат само на телевизии на државно ниво, преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа, и преку сателит.
За петте национални телевизии се предлага уште еден извор за финансирање, телекомуникациските и кабелските оператори да им плаќаат надоместок што ќе го утврдува Владата. Законорт за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е неопходен за државата со оглед дека овие измени се прават по подолг период. Сето ова е со ветување дека ќе се подобри работата и функционирањето во македонскиот етер.
Миле Ристески
