Собрание

Собранието го поддржа Законот за данок на солидарност

18.07.2023 16:57

Собранието го поддржа донесувањето на Законот за данок на солидарност по скратена постапка. Министерството за финансии уверува дека е од општ интерес за сите граѓани ...

Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието го поддржа донесувањето на Законот за данок на солидарност по скратена постапка. Министерството за финансии уверува дека е од општ интерес за сите граѓани и се базира на начелата на правичност, еднаквост и пропорционалност. Стапката на данокот за солидарност изнесува 30 проценти, а за државната каса треба да обезбеди прилив од 4,7 милијарди денари.

Новата давачка еднократно ќе треба да ја платат сите фирми што оствариле приход од над 10 милиони евра, најдоцна до 25 октомври годинава, за обврзниците што нема да го намират следуваат казни од 1800 до шест илјади евра.