Сообраќај

МВР: 178 санкционирани возачи во Скопје

19.07.2023 08:45

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 178, мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, седум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, информираат од МВР.