Жители ги напуштаат домовите во близина на Атина поради пожари
Во Грција беснеaт шумски пожари. Противпожарните екипи се борат со околу 80-тина огнени стихии. Пламените јазици се приближуваат и во неколку населени места во близина на Атина...

Шумски пожари ги зафатија ридовите во близина на Атина властите ги затворија автопатите за да помогнат во заштитата на рафинеријата за нафта. Авиони и хеликоптери во обид да спречат два шумски пожари на запад од Атина.
„Во последните дваесет и четири часа избувнаа 47 шумски пожари. Повеќето од нив се веднаш санирани во почетната фаза. Пожарникарите во соработка со полициските сили во неколку случаи морале да извршат евакуација. Франција и Италија одговорија на барањето на нашата земја и ќе обезбедат четири авиони“, информираше портпаролот на грчката противпожарна служба, Јоанис Артопоиос.
Дел од граѓаните незадоволни.
„Зачувавме што можевме. Зедовме што можевме, нашите животни и ништо друго. Што друго можеме да преземеме во овој момент? Не можеме да направиме ништо“.
„Дали направија нешто за да изгаснат некој пожар? Испратија два авиони попладне и тоа беше тоа? Тоа е нивниот план? Два авиони да изгаснат пожар што има фронтална линија од 40 километри?“
