САД

Доналд Трамп тврди дека може брзо да ја реши војната во Украина

19.07.2023 10:28

Поранешниот претседател на САД, Трамп рече дека ако е на функција, би можел да ја заврши војната во Украина „за 24 часа“...

Поранешниот претседател на САД, Трамп рече дека ако е на функција, би можел да ја заврши војната во Украина „за 24 часа“.

„Би му рекол на Путин „мора да се решиш“. Би му рекол на Зеленски „мора да се решиш“. На едниот би му рекол дека ќе земеш многу пари, а на другиот „нема да добиеш пари“. За 24 часа ќе има решение“, рече Трамп.

Трамп беше во Ајова, водечката држава со гласање на републиканците, откако објави дека добил писмо во истрагата на Министерството за правда за неговите напори да ги поништи изборите во 2020-та година.