Здравје

Овошје и зеленчук за време на летниот период

19.07.2023 11:36

Полесната храна е вистинскиот избор за топлите месеци што претстојат, а овие овошја и зеленчуци се идеални за доведување на телото во рамнотежа за летниот период...

Овошјето и зеленчукот имаат мала калорична вредност, содржат висок процент на вода во својот состав, многу минерални материи и витамини кои му се неопходни на организмот во овој период од годината за да се задржи виталноста на организмот и да се надополни изгубената течност при потење, а со тоа и да се намали чувството на жед. Свежо направени сокови од овошјето или од зеленчукот се многу корисни и се препорачуваат за сите возрасти, особено за децата.

Полесната храна е вистинскиот избор за топлите месеци што претстојат, а овие овошја и зеленчуци се идеални за доведување на телото во рамнотежа за летниот период. Овошјето и зеленчукот се богати со вода, но содржат и минерали, витамини и хранливи материи, па покрај одржување на оптимално ниво на течности, ја подобруваат комплетната состојба на организмот и ја регулираат работата на кардиоваскуларниот систем, системот на органите за варење.

Лубеницата е кралица на летото и ова oвежително овошје има импресивна содржина на вода од околу 90%, што го прави одлично уживање во овој период од годината. За најсочната, најслатката лубеница, изберете ја тркалезната.

Лубеницата е одлична сама по себе, но има многу други начини да го јадете (или пиете) ова хидратантно овошје односно како овошна салата, смути и слично.

Црешите имаат 81% вода, многу освежуваат, содржат и витамин Ц, калциум, калиум и фолна киселина.

Краставиците имаат голема содржина на вода дури 96%, јадете ги толку често колку што можете. Како и лубеницата, така и краставицата е вкусна сама по себе или во салата. Поради високата содржина на вода, краставицата е и добар „кандидат“ за цедење и одлично оди со други свежи сокови. Додадете краставица во сендвичи или тост или ладни јадења со тестенини.

Тиквички-друга летна храна, тиквичките се околу 90% вода, плус содржат влакна и се богати со антиоксиданти. Друг неконвенционален начин да ги користите тиквичките е да ги исечете и замрзнете, а потоа да додадете парчиња замрзнати тиквички во вашето смути. Тоа не влијае на вкусот, но создава неверојатно мазна и свиленкаста текстура.

Во лето пазарите се полни со свежи праски. Парчиња од нив може да се мешаат со јогурт или житарки за појадок.

Освен овошје и зеленчук, во летниот период пожелно е да се јаде храна која не содржи многу масти (особено заситени), варена храна, во вид на чорби или супи. Месото да биде варено или печено, без маснотии. Оброците да бидат мали и чести со цел да не се оптовари организмот.

Катерина Стојановска Десковска