Земјоделците од општина Ново Село сè уште чекаат обесштетување од ланското невреме
Земјоделците од Општина Ново Село кои лани претрпеа штети од силното невреме со град, сè уште чекаат обесштетување од државата. Општинската комисија по извршениот увид констатираше штети кај 163 земјоделци во висина од 41 милион денари. Од Министерството за земјоделство соопштија дека се чека владина одлука…

Земјоделците од општина Ново Село цела година чекаат обесштетување по ланското мајско невреме со град, кој им го уништи посевите. Најпогодени беа производителите во подбеласичките населени места Колешино Борисово и Мокриево, каде цели плантажи со бостан, пиперки и овошни насади беа уништени.
Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди при Ново Село, констатираше уништени посеви кај 138 лица, а вкупната проценета вредност изнесува околу 41 милион денари. Елаборатот, со висината на штетите, беше усвоен од Општинскиот совет и тој се наоѓа пред Влада. Оттаму информираа дека комплетна е документацијата, и се чека одлука за обесштетување согласно утврдената методологија.
Ване Трајков
