Македонија

Приведени функционери, бизнисмени и инспектори вработени во УЈП

19.07.2023 12:43

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, уапсени се функционери, бизнисмени, инспектори, вработени во УЈП...

По налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, уапсени се функционери, бизнисмени, инспектори, вработени во УЈП. Се товарат за затајување на данок и перење пари, злоупотреба на службената положба со даночен грант. Според првичните информации го оштетиле буџетот за над 840 илјади евра.

Акцијата се одвивала подолго време од страна на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во МВР.

Од МВР и Обвинителството официјални информации најавуваат дури откако ќе завршат претресите и акцијата. А се со цел да се избегне одредени лица да уништат докази или да се дадат во бегство.