Предлог-уставните измени влегоа во собраниска процедура
Предлог уставните измени доставени до законодавниот дом. Почнуваат да течат роковите во собраниската процедура. За 10 дена се очекува да се најдат на уставна комисија, за околу еден месец на пленарна седница. Потребно е двотретинско мнозинство Бугарите и дел од други народи да влезат во преамбулата. Власта очекува конструктивна расправа и натпартиски консензус...

Предлогот уставни измени влегоа во собраниска процедура. На потег се пратениците. Само со двотретинско мнозинство Бугарите и други народи ќе влезат во преамбулата. Премиерот Ковачевски очекува плодна дискусија и конструктивна расправа, но и натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на земјата.
Собраниската комисија каде расправата трае 10 дена, а за најмалку еден месец иницијативата да се најде на пленарна седница. За да продолжи процесот неопходно е 2/3 од пратениците да гласаат за предлогот. Во следниот чекор Владата треба да ги скрои нацрт-амандманите, кои во Собранието поединечно се разгледуваат и надополнуваат со предлози и мислење. Гласањето во втората фаза е со мнозинство гласови.
За да се ефектуираат уставните измени во третата фаза треба повторно поддршка од најмалку 80 народни избраници.
Анита Димитријевска Велковска
