Сообраќај

МВР: 48 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

19.07.2023 13:04

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Како што соопштуваат од МВР, при контролата санкционирани се 48 возачи. За време на контролата санкционирани се и 133 останати прекршоци.