Бизнис заедницата со умерен оптимизам за економскиот раст
Разгорувањето на украинската криза и бавното закрепнување во еврозоната остануваат ризик фактори за домашната економија...

Домашната економија се уште е во фаза на закрепнување, но државните инвестиции во инфраструктурата ќе помогнат стопанството да се задржи на здрави нозе. Бизнис заедницата со оптимизам за растот на економијата до крај на годинава.
„Ние очекуваме економски раст но изборите си го направија своето , економијата застана и мора владата да се формира што побрзо оти Владата е еден од најголемите работодавачи и сега процесот е блокиран затоа што нема раздвиженост во економксите кругови, на домашниот пазар“, изјави Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори.
Разгорувањето на украинската криза и бавното закрепнување во еврозоната остануваат ризик фактори за домашната економија. Бизнисмените бараат алтернатива во освојување нови пазари за извоз.
„Мислам дека доволнон долго испуштивме шанси, не треба да го заборавиме отварањето кон источните пазари, кон блискиот исток а треба силно да работиме и да ја зголемие соработката со нашите соседи“, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Годината започна со позитивни економски показатели- раст на индустриското производство и извозот, зголемување на бројот на странски инвестиции. Сега очите на бизнисот се вперени кон новата власт, со очекување за реализација на ветените барања.
Соња Јованова- Наумовска
