Патна инфраструктура

Експресен пат: На делницата Градско-Дреново 75 насто сработено

19.07.2023 14:05

Градско-Дреново на експресниот пат до Прилеп се завршени. Делницата е во должина од 15,5 километри и досега се вложени околу 40 милиони евра, главно пари од Европската унија. Експресниот пат Градско-Прилеп се најавува да биде готов за една година. Надлежните денеска на увид на работите …

Побезбеден транспорт по критичната оска Север-југ во земјава и за целиот регион, олеснувања за меѓународната трговија, промовирање на економскиот развој, работни места и подобрување на животот на илјадници граѓани. Околу 75 проценти се завршени работите на делницата Градско-Дреново од експресниот пат до Прилеп, главно со пари од Европската унија.

Финансиската помош од ЕУ во повеќе области е за Македонија да се подготви да стане полноправна членка и да ги користи придобивките од членството.

За мобилизација и авансно плаќање за Коридорите 8 и 10-Д, државата на Бехтел и Енка, според договорот, им префрлила 167 милиона евра. Моментално се вршат гео-нумерички испитувања на три делници од двата коридора, се подготвуваат елаборатите за експропријација. До утре ќе бидат одобрени проектите за сите траси и патни коридори.

Во делницата Градско-Дреново досега се вложени околу 40 милиона евра, најмногу од Европската унија.

 

Елизабета Митреска