Брисел

Во Брисел дијалог на ниво на преговарачите за Косово и Србија

19.07.2023 14:12

Главни теми на новата рунда разговори се договорот за спроведување на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и деескалација на ситуацијата на Северот...

Во Брисел дијалог на ниво на преговарачите за Косово и Србија. Главни теми на новата рунда разговори се договорот за спроведување на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и деескалација на ситуацијата на Северот.

По одвоените средби следува заедничка средба во која учествуваат двете страни и ЕУ во посредничка улога.

На 3-ти јуни меѓународната заедница побара од официјална Приштина да преземе мерки за деескалација, што вклучуваше повлекување на полицијата од општинските згради, трансфер на градоначалникот во алтернативни објекти и распишување вонредни локални избори со учество на Срби.