Бизнис

Коморите против Законот за данок на солидарност

19.07.2023 15:17

Бизнис еснафот бара запирање на постапката за Закон за данок на солидарност. Дел од компаниите ќе бидат принудени да го префрлат бизнисот во некоја од соседните земји-се креира непредвидлива деловна клима, да не се казнуваат компаниите – велат Коморите...

Стопанската комора со дописи до премиерот Кавачевски, спикерот Џафери и првиот финансиер Бесими бара запирање на постапката за Закон за данок на солидарност, којшто со европско знаменец е влезе во собраниска процедура. Компаниите се жалат дека не се земени предвид нивните аргументи и се води сметка само за пополнување на буџетските дупки. Според нив, се злоупотребуваат европските директиви.

„Тешко нам ако ваква администрација треба да не усогласува со европското законодавство во целиот процес на преговори со ЕУ до постигнување на полноправно членство. Свесно изнесуваат неточни податоци и ќе се обидат, користејќи ја скратената постапка, да ги убедат пратениците да го донесат предложениот закон“, стои во дописот од Стопанска комора.

Бизнис заедницата реагира дека се креира непредвидлва деловна клима со што дел од странските компании ќе бидат принудени да го префрлат бизнисот во некоја од соседните земји. И Сојузот на стопански комори побара да не се казнуваат успешните компании, кои и во криза успеале да го одржат бизнисот.

„Не може да оданочувате компании кои биле иновативни, кои имале квалитетни решенија“ тие што се успешни да ги оданочувате. Имаа компании кои не го надминуваат прагот од 20 проценти, а прават големи профити, како банките на пример, тие не ги оданочуваат. И трето овој закон да важи ретроактивно, за нас тоа е несоодветно“,изјави Горан Ѓорѓиевски.

Законот за данокот на солидарност со европско знаменце се врати во собраниска процедура. Власта очекува со еднократната давачка да собере околу 90 милиони евра.

 

Марина Стојанова Тонева