Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД
Бизнисменот Орце Камчев заврши на американската „црна листа“. Од канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД, велат дека Камчев ја злоупотребил позицијата...

Бизнисменот Орце Камчев заврши на американската „црна листа“. Од канцеларијата за контрола на странски средства при Министерството за финансии на САД, велат дека Камчев ја злоупотребил позицијата, впуштајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи агенда за своја корист, а на сметка на демократските институции и граѓаните на земјава. Според нив, тој тоа го правел од почетокот на раните 2000-ти години.
„Ова ја покажува нашата посветеност за промовирање одговорност на поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување“, порачуваат од Вашингтон.
