Регион

По големото невреме што ги зафати Словенија, БиХ, Хрватска и Србија има загинати и над 60 повредени

19.07.2023 23:32

Невремето што попладнево ги зафати Хрватска и Словенија стигна и до Нови Сад. Во Загреб загинаа две лица, а едно лице во Словенија, повеќе од 60 лица, пак, се повредени...

Невремето што попладнево ги зафати Хрватска и Словенија стигна и до Нови Сад, каде што врне силен дожд и дува ветер, кој урива дрвја и огради, а се креваат и големи облаци од прашина.

На повеќе места има одлетани ќерамиди и делови од покриви. На Футошкиот пат има паднати дрвја на коловозот и граѓаните известуваат дека е невозможно минување. Во Загреб загинаа две лица, а едно лице во Словенија, откако врз него паднало дрво.  Повеќе од 60 лица, пак, се повредени.

Невремето во Хрватска траеше само 50-тина минути, но центарот поминал низ Загреб, а ураганскиот ветер носеше сè пред себе, корнел дрвја, покриви, додека поројниот дожд ги поплави улиците, поради што сообраќајот беше во целосен хаос.

Дел од Војводина и Белград немаат струја, а бурата веќе направила штета на многу места, јавуваат српските медиуми.