Балкан

Силно невреме ги зафати Хрватска, Србија, Босна и Словенија

20.07.2023 09:05

Смртоносно невреме во неколку балкански земји. Во бурата во Хрватска, Босна и Словенија има загинати и повредени...

Смртоносно невреме во неколку балкански земји. Во бурата во Хрватска, Босна и Словенија има загинати и повредени.

Спасувачките служби добиле стотици повици, а противпожарните екипи интервенирале на десетици локации.

Во Словенија и Србија е пријавен и прекин на снабдувањето со електрична енергија. Во Белград е издадено предупредување за бурата која се насочи кон истокот. Привремено е затворен и аеродромот.