Нов Зеланд
Маж отворил оган на градилиште во Оукленд
20.07.2023 09:11
Вооружен маж отворил оган на градилиште во Оукленд, Нов Зеланд при што загинаа две лица...

Вооружен маж отворил оган на градилиште во Оукленд, Нов Зеланд при што загинаа две лица.
Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот.
Во инцидентот има и четворица повредени цивили. Нападот се случува пред стартот на Светското првенство во женски фудбал.
Премиерот Хипкинс потврди дека мундијалот ќе се одржи според планираното. Полицијата засега без детали за мотивите на 24-годишниот убиец чијшто идентитет не се открива.
