Битола

Во Битола отворено второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал

20.07.2023 10:46

Одбележувањето на Фестивалот „Илинденски Денови“ во Битола синоќа започна со второто издание на Интернационалниот етнографски филмски фестивал. Од над 200 вакви филмски остварувања, од 19 земји за фестивалот се селектирани 21 филмска етнографска сторија…

Податокот што за учество на фестивалот се пријавиле над 200-ста етнографски филмови од 19-сет земји а по селектирањето до 26-ти месецов ќе биде прикажан 21 филм говори дека зачувувањето на изворната култура и традиција на предците е глобална заложба. Селекторот Гламчевски нагласи дека многу обичаи и традиции од минатото веќе се заборавени па затоа целта на фестивалот е да се поттикнат младите за враќање на своите родни огништа а пред сè да се иницираат младите филмаџии со етнолози да создаваат филмски записи.

Етнографски филмски фестивал кој веќе втора година му додава дополнителна вредност уште на уводот во одбележувањето на престижниот фестивал на народни песни и ора „Илинденски Денови“

Значајно е и тоа што годинешново издание доби поддршка и од агенцијата за филм. Организаторите очекуваат до година да имаат и свое стручно жири кое ќе доделува и награди.

 

Стевче Митревски