Грција
Пожарот во Грција ставен под контрола
20.07.2023 11:26
Во Мегара во близина на Атина е предизвикана материјална штета, но и денеска се интервенира со воздушни средства поради постојани разорувања...

Пожарникарите во Грција успеаја да го стават под контрола пожарот, што од понеделникот се ширеше во западниот дел на Атика. Во Мегара во близина на Атина е предизвикана материјална штета, но и денеска се интервенира со воздушни средства поради постојани разорувања.
Пожарот на островот Родос сè уште е активен. Според локалните власти, таму веќе изгореле 3.000 хектари.
На Пелопонез бил уапсен 30-годишен маж, кој признал дека подметнал три пожари, два во претходните денови и еден лани. Грција добива и меѓународна помош.
