НОВ ЗЕЛАНД

Напаѓачот од Окленд пронајден мртов по престрелката со полицијата

20.07.2023 11:39

Вооружен маж отворил оган на градилиште во Окленд, Нов Зеланд, при што загинаа две лица. Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот...

Вооружен маж отворил оган на градилиште во Окленд, Нов Зеланд, при што загинаа две лица. Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот. Во инцидентот има и четворица повредени цивили.

„Слушнав истрели. Сите се подготвувавме за удар. Не ни се веруваше што се случува“, вели локален жител.

„На влезот видов дваесетина луѓе како истрчуваат од зградата и им велеа на пешаците да се тргнат. Ги прашав што се случува, па ми рекоа дека некој тип со пушка целел кон луѓето“, додаде друг.

„Бевме на градилиштето. Гледавме што се случува, ги видовме полициските возила, амбулантните коли и специјалните единици. Ги слушавме и истрелите“.

Нападот се случува пред стартот на Светското првенство во женски фудбал. Премиерот Хипкинс потврди дека мундијалот ќе се одржи според планираното. Полицијата засега без детали за мотивите на 24-годишниот убиец чијшто идентитет не се открива.