Фудбал
Без Шиков и Хасани
19.05.2014 18:04
Клупските активности завршија, почнуваат деновите за македонската фудбалска репрезентација.

Селекторот Бошко Ѓуровски нема да може да смета на Ванче Шиков и на Ферхан Хасани кои поради повреда ќе ги пропуштат пријателските натпревари со Камерун и со Катар. Во составот нема да биде ниту Аријан Адеми кој доби повик за дебитантски настап, но од истите причини, ќе чека некоја друга шанса за да го облече дресот со државен грб. Повредени се и Стјепановиќ, Демири, Ристовски и Алиоски кои уште претходно го откажаа учеството на овие контроли.
