Култура

Отворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

20.07.2023 13:09

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ од Србија се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран...

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ од Србија се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран.

Станува збор за семејна приказна видена низ очите на едно девојче. Таа го истражува тој особено интересен момент од животот кога детството завршува и започнуваат новите, возбудливи времиња.

Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум. А најмалите уживаа и детска анимирана фестивалска програма.

Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа година во фокус ги има српскиот современ филм и кинематографија. Србија е земјата од каде што почнуваат тенденциите во балканскиот и медитеранскиот филм.

- Српските филмаџии се храброста во светот на филмот. Филмските слики што доаѓаат од Дунав, секогаш се влеваат во Црно Море, а оттаму во Средоземно Море, и стануваат бран што ги поплавува сите медитерански филмаџии и љубители на филмот. Во ова специјална селекција ќе видиме три нови српски филма. Првиот филм е за деца и млади, вториот за возрасни, а третиот за сите балканци и медитеранци, кои ќе уживаат во љубовна драма од минатото – информираат организаторите.

Целиот концепт на „Преку езерото“ е на филмскиот режисер и продуцент Јани Бојаџи.

Фестивалот продолжува и следните денови, до 23-ти јули, со селекција на најдобрите филмски остварувања во светот на подвижните слики на Балканот и Медитеранот од срцето на Европа.

Вечерва во 20.30 часот проекција ќе има филмот „Името на народот“ на српскиот режисер Дарко Бајиќ. Филмот го следи животот на српскиот патриот и интелектуалец Светозар Милетиќ и неговото семејство за време на борбата за ослободување на српскиот народ од

австроунгарското угнетување.