Градоначалникот Муцунски и општина Аеродром казнети со 88.000 евра
Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски од 88 илјади евра во денарска противвредност, поради исфрлање отпад на јавна површина со што се загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните...

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски од 88 илјади евра во денарска противвредност, поради исфрлање отпад на јавна површина со што се загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните.
Оттаму појаснуваат дека Општина Аеродром преку компанијата „Пирамид билдинг“ ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во „Дрисла“, отпадот го исфрлала на зелена површина, во парк, со што направиле нова дива депонија. Рокот за подмирување на казната е 8 дена. Во спротивно, истата присилно ќе се наплати.
Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави. Ваква казна неодамна заработи и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општината. Тој ја отфрли како неоснована и најави правна битка.
