Уставен суд
Уставниот суд ја разгледа иницијативата на „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција
20.07.2023 13:24
Уставниот суд на денешната седница ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција...

Уставниот суд на денешната седница ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција.
Поради немање кворум, одлука не е донесена. „Левица“ оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, венчаните и на умрените.
Минатата среда Уставен со одлука за времена мерка го стопира упатството за издавање лични документи со графата за етничка припадност, која ќе важи додека не донесе конечна одлука, дали е тоа уставно или не.
