МВР

Приведен крадец од Штип, одземеното вратено на сопственикот

20.07.2023 13:28

На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода В.Г.(20) од Штип. Тој се сомничи дека претходно одзел паричник со пари и лични документи од А.Ѓ. од Струга...

На 19.07.2023, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода В.Г.(20) од Штип. Тој се сомничи дека претходно одзел паричник со пари и лични документи од А.Ѓ. од Струга.

Кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.