Општина Боговиње

Од денес бесплатната правна помош станува достапна за жителите на Општина Боговиње

20.07.2023 14:46

Министерот за правда, Кренар Лога и Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу денес потпишаа меморандум за соработка кој во иднина ќе придонесе кон зголемување на достапноста на бесплатната правна помош до жителите на Општина Боговиње...

Министерот за правда, Кренар Лога и Градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу денес потпишаа меморандум за соработка кој во иднина ќе придонесе кон зголемување на достапноста на бесплатната правна помош до жителите на Општина Боговиње.

Канцеларијата е сместена во зграда каде што се наоѓаше седиштето на Општина Камењане. По свеченото отворање, се одржа и промотивен настан од страна на претставници на Советот на Европа

Заложбите на Министерството за правда и Канцеларијата на Советот на Европа во духот на еднаквиот пристап за ефективна правда ќе продолжи и во наредниот период со отворање нови канцеларии во повеќе општини низ државата со цел запознавање на граѓаните со механизмите што ги нуди државата преку Законот за бесплатната правна помош во корист на заштита на нивните права во постапките пред судовите и другите институции.